Избори: Македонците во Србија преку две партии ќе настапат на локално ниво
Македонците во Србија претставени преку две партии в недела на изборите ќе настапат само на локално ниво. Најголеми очекувања има Партијата на македонците во Србија (СМС), која со самостојна листа ќе се обиде да ја освои власта во општина Пландиште. Доколку успее, тоа ќе биде прва македонска општина во Србија со власт на мнозинско македонско население...

Македонците во Србија преставени преку две партии во недела на изборите ќе настапат само на локално ниво. Најголеми очекувања има Партијата на македонците во Србија(СМС), која со самостојна листа ќе се обиде да ја освои власта во општина Пландиште. Доколку успее, тоа ќе биде прва македонска општина во Србија со власт на мнозинско македонско население.
„На општинско ниво имаме во потполност целосна листа во општина Пландиште со 23 советници- сите македонци. Се залагаме за зачувување на македонскиот национален идентитет и за афирмација на македонците во Србија. Настапуваме и во Горни Милановац, Пирот, општина Врачар во Белград, Вршац и Качарево, каде концетрацијата на македонците е таква да можеме да имаме свои преставници во локалната власт“, изјави Горан Илијевски, претседател на Партијата на македонци во Србија.
И втората партија- ДПМ ќе настапи само на локално ниво, со шанса за избор на двајца одборници во Панчево, во коалиција со СПС. Но, за разлика од партиите, единствена можност за влез во српското собрание и застапување на македонските интереси на државно ниво има само адвокатот Тома Фил, кој политички се активира во рамките на Социјалистичката партија на Дачиќ.
„Целта која ја имам е да се борам за Македонија и за македонските права. Имаме одлична атмосфера за соработка. Проблемот е кај нас што не сме единствени и што не сме со единствена партија“, изјави адвокатот Тома Фила.
Македонците можат да имаат и до 30.000 гласови, но ние како и во Македонија не сме единствени, а дијаспората е специфична- констатира Тома Фила.
„Кај нас проблем се личните амбиции. Мора да се сфати дека таков еден пратеник не се преставува себе си лично, тука целата нација. А на локал тогаш секој нека ги има своите амбиции- во Пландиште, Јабука, Панчево, Белград“, вели Фила.
Иако според пописот во Србија има 22.750 македонци- нивниот број е над 100.000. Колку од нив ќе го искористат гласачко право и за сопствените македонски интереси ќе покажат изборите во недела.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
