Експлозија на рафинерија во Мексико
Компанијата Пемекс има историјат со несреќи и човечки жртви. Пред 4 години загинале триесет и тројца вработени во експлозија во еден од погоните

Тројца загинаа и над 130 лица се повредени во експлозија во нафтената компанија Пемекс во Веракруз, Мексико. Евакуирани се стотици лица, а училиштата се затворени.
„Почнаа да се гасат светлата и одеднаш слушнавме експлозија. Се случи пред нас. Не фати паника и побегнавме“, вели еден од вработените.
Компанијата Пемекс има историјат со несреќи и човечки жртви. Пред 4 години загинале триесет и тројца вработени во експлозија во еден од погоните, а една година подоцна загинале уште 37 луѓе во уште една експлозија, но овој пат во седиштето во Сиудад Мексико.
Според раководството на компанијата, експлозијата нема да предизвика застој во извозот на нафта.
