Брејвик делумно го доби процесот против Норвешка за кршење на човековите права

21.04.2016 11:01

Според норвешкиот суд, државата ја прекршила забраната за нехумано и понижувачко постапување или казнување во случајот на Брејвик, па ќе мора да му плати отштета на масовниот убиец.

Масовниот убиец Андерс Брејвик делумно го добил судскиот процес против Норвешка во кој тврдел дека во затворот бил жртва на кршење на човековите права.

Според норвешкиот суд, државата ја прекршила забраната за нехумано и понижувачко постапување или казнување во случајот на Брејвик, па ќе мора да му плати отштета на масовниот убиец.

37-годишниот Брејвик тврди дека престојот во самица претставува кршење на Европската конвенција за човекови права.

Во 2011-та година со огнено оружје и автомобил- бомба Брејвик уби 77 луѓе.