Вечер на МРТ1 второ извлекување од „Фискална во рака- награди без мака“
27.01.2014 08:44
Второто извлекување за наградната игра ќе се реализира вечерва со пренос во живо на МРТ1 од 20 часот...

Второто извлекување за наградната игра ќе се реализира вечер со пренос во живо на МРТ1 од 20 часот. За учество во второто извлекување ковертите во наменските кутии можеа да се оставаат до вчера вечер до 24 часот. Ковертиите кои ќе бидат оставени по ова време ќе се земат предвид за третото извлекување. Главната награда за ова извлекување е автомобил Фолксваген Поло и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 до 60.000 денари.
Извлекувања од наградната игра ќе се реализираат секој месец до крајот на 2014 година. Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото кое ќе се реализира на 30 јуни 2014 и тринаесетото кое ќе се реализира на 29 декември 2014, покрај за редовните награди ќе се извлекува и за главните награди - стан во Скопје и продажен простор во Скопје. Во седмото извлекување за наградите стан и продажен простор ќе учествуваат и неизвлечените коверти од второто заклучно со шестото извлекување, а во тринаесеттото, за извлекување на наградите стан и продажен простор ќе учествуваат неизвлечените коверти од осмото заклучно со дванаесетото извлекување.
