Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад

21.04.2016 12:21

Се очекува Божиновски денеска да биде изведен пред судија во Нови Сад.

Во Нови Сад е уапсен Зоран Божиновски, македонски државјанин што со години не беше достапен за органите на прогонот.

Се очекува Божиновски денеска да биде изведен пред судија во Нови Сад. Од српското Министерство за правда сè уште нема потврда на неофицијалните информации дека екстрадицијата во Македонија е веќе потпишана.

Македонските власти имаат распишано потерница за Зоран Божиновски, кој е еден од осомничените во процесот „Шпион“.