Подобар социјален дијалог во туризмот
Важен фокус е модернизацијата на пазарот на труд, вештини и квалификации, квалитет на работа, безбденост и сигурност на пазарот на работното место и пристојна работа.

Бизнис конфедерацијата на Македонија во рамки на проектот „Туризмот се луѓето- Да работиме заедно за подобар социјален дијалог во туризмот“ организира работилница со цел да се зголеми свесноста на туристичките работници и работодавачите за важноста на овој процес кон зголемување на вработеноста и кометитивноста на националната економија.
Важен фокус е модернизацијата на пазарот на труд, вештини и квалификации, квалитет на работа, безбденост и сигурност на пазарот на работното место и пристојна работа.
Анже Хиршил, претставник на Здружението на работодавачи на Словенија, вели дека туризмот е многу важна гранка и во Македонија, која сѐ повеќе се развива. Кон стабилните околности во оваа гранка и бизнис околината ќе придонесе и социјалниот дијалог, истакна Хиршил.
Според Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија, неопходен е фокус на квалитетот на луѓето што работат во туристичкиот сектор и стандардите за подобрување на услугата.
Туристичкиот пасош е гаранција за квалитетен и задоволен работник, добро обучен со сите квалитети кои ги има за да може да ја задоволи потребата на клиентот, потрошувачот, на туристот. Не треба да имаме само добра инфраструктира и природни убавини туку тоа треба да се понуди на квалитетен начин, рече Бошков.
