Иванов: Во тек консултации за помилувањата
Од досега извршените консултации со врвните правни експерти во државата, не е изнајден правен основ за повлекување на одлуката. Консултациите продолжуваат во насока на изнаоѓање решение.

Претседателот Иванов соопштува дека се во тек консултации со правни експерти за изнаоѓање можно правно решение во врска со одлуката за помилување, односно ослободување од гонење без спроведување постапка.
„Од досега извршените консултации со врвните правни експерти во државата, не е изнајден правен основ за повлекување на одлуката. Консултациите продолжуваат во насока на изнаоѓање решение. Ги повикувам и лидерите на политичките партии, потписници на договорот од Пржино, и тие да се вклучат во овој процес и да понудат правно решение што ќе биде во согласност со Уставот и законите на Република Македонија“- вели претседателот Иванов во писмената изјава.
„Се водам од интересот на граѓаните и државниот интерес“- вели Иванов, и повика на протестите да не се нарушува јавниот ред и мир и да не се уништува приватниот и државниот имот.
