Најавени протести од граѓански организации

21.04.2016 13:29

Демонстрантите од граѓанската иницијатива „Протестирам“ бараат оставка од Иванов, избор на експертска влада, суспендирање на закажаните избори. Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) ќе има собир пред Собранието...

„Протестирам“ и „ГДОМ“ за попладнево најавија големи протести. Демонстрантите од граѓанската иницијатива „Протестирам“ бараат оставка од Иванов, избор на експертска влада, суспендирање на закажаните избори на 5-ти јуни, формирање посебно одделение во Кривичниот суд за предметите од СЈО, учество на граѓанските организации во решавањето на кризата.

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) ќе има собир пред Собранието. Главни барања им се повлекување на одлуката за аболиција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на Зоран Верушевски, како и одржување на изборите на 5-ти јуни.