Откажана лидерската средба во Виена
21.04.2016 13:34
Сѐ уште нема официјален став од Брисел.

Неофицијално, според дипломатски извори средбата во Виена нема да се одржи. Сѐ уште нема официјален став од Брисел. Со четворицата потписници на договорот во Пржино, како што беше најавено еврокомесарот Хан и тројката европартенци Кукан, Ховит и Вајгл требаше да се разговараат за надминување на политичката криза.
Учеството го потврдија само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, претсеадтелот на СДСМ, Заев го услови со одложување на изборите и повлекување на одлуката на шефот на државата Иванов за помилување.
