Повеќе храна, помалку загуби
Во светски рамки на земјоделството му претстојат предизвици...

Во светски рамки на земјоделството му претстојат предизвици. За да се задоволат потребите за храна на населението потребно е да се зголеми производство и намалат загубите.
Производство мора да биде еколошко, економски оправдано, и според потребите. Потребна е и технологија, искуство и инвестиции.
Стратегијата во аграрот е во рационалното користење на природните ресурси, односно водата и почвата, за да ги има доволно за производство во иднина.
Земјоделство прилагодено со новонастанатите климатските услови може да ја намали гладта и создаде посигурни приходи за фармерите, се согласија неодамна во Берлин ресорните министри од земјите во светот.
За повеќе храна и за справување и искоренување на овие предизвици во светски рамки, потребна е само поголма соработка и партнерство меѓу: политиката, индустријата и науката.
Методија Трајков
