Британската кралица Елизабета го прославува 90-от роденден

21.04.2016 14:55

Годинава на забавата ќе присуствува и американскиот претседател Барак Обама.

Британската кралица Елизабета го прославува 90-от роденден во Виндзор, во близина на Лондон, каде што се наоѓа кралскиот замок. Годинава на забавата ќе присуствува и американскиот претседател Барак Обама.

„Кралицата е икона и вистински пример за денешниве деца. Сите треба да ја почитуваат и годините што и ги посветила на оваа земја. Дојдов овде со сиот респект.

„Семејството ми е во Австралија и ми завидува што сум дел од историски настан. Мене ми значи многу, зашто таа е последната кралица за наредниве неколку генерации. Сега ќе имаме кралеви, нели?

Службениот роденден на кралицата се одбележува во јуни, односно на 10 до 12 јуни со црковна церемонија и улична забава во близина на Бакингамската палата. Кралицата Елизабета е монарх кој најдолго владее на престолот во англиската и британската кралска историја. Исто така е и монарх со најдолг брачен стаж во британската историја. Со принцот Филип е во брак 68 години.

За време на 6-децениското владеење, кралицата соработувала со 12 британски премиери и со 7 надбискупи на Англиската црква.

Британската кралска пошта, која одбележува 500 години од своето постоење, издаде марка направена според заедничката фотографија на четирите генерации од кралското семејство.