Странските инвеститори со 21 предлог за подорување на бизнис климата

21.04.2016 15:48

На средбата со вицепремиерот Пешевски, разговарале за услуги кои можат да ги користат странските инвеститори во зоните, за унапредување во делот на меѓународните трговски договори на Македонија, за индустриските- зелени зони.

Компаниите од слободните зони доставиле 21 предлог до владата. Бараат да се олеснат административните процедури за поефикасно да работат.

На средбата со вицепремиерот Пешевски, разговарале за услуги кои можат да ги користат странските инвеститори во зоните, за унапредување во делот на меѓународните трговски договори на Македонија, за  индустриските- зелени зони.

Според вицепремиерот Пешевски, овие компании значително влијаат врз економскиот раст на земјава, вели дека бројот на вработени од странските инвеститори во наредниот период треба да достигне 34 илјади луѓе.

На досегашните 24 седници, вклучувајќи ја и денешната, компаниите доставиле над 100 предлози и ининцијативи. Од Владата велат дека 70 проценти биле имплементирани.