Вербална расправија- причина за двојното убиство и самоубиство во Волково
Познат идентитетот на убиецот од Волково. 44 годишниот Дончо – магационер во МВР по вербална расправија во семејната куќа ги убил 76 годишната Елена и нејзината ќерка. Потоа во својот дом извршил самоубиство...

Се разгневил зошто ја криеле саканата, па одлучил да им пресуди. 44- годишниот Дончо Георгиевски од скопско Волково откако се скарал со сосетките, со истрели од пушка ги убил во семејната куќа. Кога слушнал истрели, неговиот најдобар другар сакал да го вразуми, но Георгиевски му се заканил дека и него ќе го убие ако не му се тргне од патот. Излегол во дворот и самиот си пресудил. Претходно, една од жртвите се јавила на 192 за да го информира дежурниот полициски службеник за заканите и караницата.
Георгиевски работел како магационер во МВР и бил семеен човек. Имал вонбрачна врска со 25 годишна девојка, ќерка и внука на убиените. Таа пред два месеца ја раскинала врската и заминала да работи на брод, но Георгиевски не престанал да го вознемирува нејзиното семејство.
Георгиевски работел во МВР, но не бил задолжен со службено оружје. Првичното балистичко вештачење потврдува дека пушката што ја употребил била преправана. Обвинителот кој заедно со форензичките тимови изврши увид, нареди да се вештачат и телефоните пронајдени на местото на злосторството.
Анита Димитријевска
