Граѓанството мора да ги демократизира партиите
Граѓанскиот сектор е вклучен во процесите на демократизација, но нема реална моќ да промени нешто – дебата во Скопје...

Граѓанскиот сектор во земјава е во основа само проформа. Тука е за да се каже дека е вклучен, но, нема реална социјална моќ да менува нешто, смета универзитетсткит професор Трајковски.
Во земјите од Западен Балкан, сметаат дел од експертите, сеуште изборите се гледаат како начин да се приграби власта по секоја цена, политичките партии и од власта и од опозицијата се недоволно демократизирани и постапуваат идентично после добивањето на власта.
Закана за демократизацијата е зголемената присутност на десниот популизам не само на балканот туку во целата Европска Унија и се поголемото корумпирање на политичкото сметаат од невладиниот сектор.
Процесот на евроинтеграции во земјава се претвори во мит. Затоа е потребна час поскоро демитологизација, смета аналитичарот Сулејмани.
Со усогласен став беа говорниците дека граѓанските организации се клучни во отворањето на суштинските прашања во општеството.
Фиљана Кока
