„Орка Холдинг“ и „Аџибадем“ ја купија „Токуда“
21.04.2016 17:39
Трансакциите ќе доведат до создавање на најголемиот приватен давател на здравствена заштита во централна и во источна Европа.

„Орка Холдинг“ и „Аџибадем“ ја купија најголемата здравствена установа во Бугарија, јапонската болница „Токуда“. Компаниите презедоа 100 отсто од акциите, а потпишаа и договор за спојување со вториот гигант во здравството.
Трансакциите ќе доведат до создавање на најголемиот приватен давател на здравствена заштита во централна и во источна Европа.
Плановите се во наредните две години да се отворат четири болници на Балканот. Оваа здравствена групација ќе работи под името „Аџибадем сити клиник“.
