Втор ден од министерскиот состанок во Солун

Средба Попоски- Коѕиас во Солун

22.04.2016 10:22

Во тек е средбата на македонскиот министер Попоски со неговиот домаќин, грчкиот шеф на дипломатијата Коѕиас. Се разговара и за пакетот мерки за градење доверба меѓу Македонија и Грција.

Втор ден од министерската конференција во Солун, каде што покрај шефовите на дипломатиите, учествуваат и министрите за внатрешни на  Македонија, Албанија, Грција и на Бугарија.

Во тек е средбата на македонскиот министер Попоски со неговиот домаќин, грчкиот шеф на дипломатијата Коѕиас. Се разговара и за пакетот мерки за градење доверба меѓу Македонија и Грција.

Мигрантската криза и заложбата за засилување на соработката доминираа на вчерашните средби меѓу министрите за надворешни. Според шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, состанокот во Солун се случува во погоден момент за унапредување на соработката за илегалната миграција, но и во делот на остварување заеднички прекугранични проекти од програмите на Европската унија.

За граничното управување, борбата против трговијата со луѓе и справувањето со терористичките мрежи, денеска ќе разговараат министрите за внатрешни на четирите балкански земји, а потоа е предвиден заеднички состанок со шефовите на дипломатиите.