Туристичката понуда на Охрид пред австриските туристички работници

22.04.2016 10:40

Манифестацијата во Виена е осмислена како претставување на туристичките потенцијали и убавините на Охрид на австрискиот туристички пазар.

Пред најголемите тур-оператори, туристички агенции и новинари за туризам во Австрија вечер во Виена ќе биде презентирана туристичката понуда на Охрид, како атрактивна туристичка дестинација во регионот.

Манифестацијата во Виена е осмислена како претставување на туристичките потенцијали и убавините на Охрид на австрискиот туристички пазар.

Воедно, тоа ќе биде можност за директни разговори со туристичките работници од Австрија, за ставање на Охрид на туристичката мапа на австриските туристички агенции и тур-оператори.