Одбележување на Денот на планетата Земја

22.04.2016 10:46

Со различни активности, Денот на планетата земја ќе биде одбележан и во земјава. Ќе бидат засадени садници во училиштата, градинките, и во парковите.

Под мотото „Дрвја за планетата земја“ денеска се одбележува Денот на планетата. Целта е да се спроведат акции насекаде низ светот за засадување на приближно осум милијарди дрвја до 2020 година.

Со различни активности, Денот на планетата земја ќе биде одбележан и во земјава. Ќе бидат засадени садници во училиштата, градинките, и во парковите.

Ќе бидат организирани детски велосипедски трки, а за возрасните повик, да дојдат на работа со велосипед.