Тур- оператори од Казакстан заинтересирани за Македонија
Туристичките потенцијали со кои располага Македонија биле презентирани пред повеќе од 40 тур-оператори од Казакстан, земја со 17 милиони жители...

Тур-оператори од Казакстан се заинтересирани за Македонија и има можности за развивање на интензивна соработка во следниот период. Како што информираат од ССК, тоа е резултат од промоцијата на земјава како атрактивна туристичка дестинација на Меѓународниот саем за туризам што се одржа во Алмати, а на кој учествуваа македонски компании од секторот туризам и угостителство.
Туристичките потенцијали со кои располага Македонија биле презентирани пред повеќе од 40 тур-оператори од Казакстан, земја со 17 милиони жители. Со помош на македонската амбасада, се организирани и деловни средби со заинтересираните партнери од туристичкиот сектор во Алмати и во Астана.
