Регионална акција на Интерпол: Приведени 14 лица и запленето оружје и дрога

22.04.2016 11:45

На граничните премини во регионот на Западен Балкан биле спречени околу 43 илјади лица, а се направени два милиони проверки во дата базите на Интерпол. Запленети се и 52 килограми марихуана, 14 ипол килограми злато и 250 илјади евра.

Четиринаесет лица уапсени, запленето поголемо количество експлозив, оружје и муниција. Ова е резултатот од регионална полициска акција „Balkan trigger“, раководена од Интерпол. Учествувале 5 илјади полицајци од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

На граничните премини во регионот на Западен Балкан биле спречени околу 43 илјади лица, а се направени два милиони проверки во дата базите на Интерпол. Запленети се и 52 килограми марихуана, 14 ипол килограми злато и 250 илјади евра.

Неодамнешните терористички напади во Европа и во светот покажаа дека е неопходна ефикасна контрола.

Добиените податоци од операцијата дополнително ќе се анализираат за да се добие појасна слика за можна потенцијална поврзаност со други кривични дела и терористички активности во регионот и пошироко.