Обама со Заливскиот совет за соработка разговораше за стабилизирање на Блискиот Исток
22.04.2016 11:49
На врвот на агендата се најде и борбата против Исламска држава и Ал-Каеда.

На состанокот во Ријад, претседателот на САД, Барак Обама заедно со Заливскиот совет за соработка разговораше за стабилизирање на Блискиот Исток.
На врвот на агендата се најде и борбата против Исламска држава и Ал-Каеда.
Односот на Вашингтон и арапските сојузници се влоши поради различните пристапи за решавање на проблемите во регионот.
Во рамките на оваа турнеја, Обама ќе ги посети и Велика Британија и Германија.
