Зоран Божиновски екстрадиран во Македонија
22.04.2016 11:54
Натамошната постапка против него е во надлежност и ќе ја спроведува Министерството за правда...

Зоран Божиновски доцна синоќа е екстрадиран во Македонија, и е пренесен во затворот во Шуто Оризари, потврдија од МВР за Македонската телевизија.
Натамошната постапка против него е во надлежност и ќе ја спроведува Министерството за правда.
Божиновски беше уапсен вчера во Нови Сад по налог на српското Министерство за правда, а врз основа на меѓународната потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“.
