Македонија дел од глобалниот хакатон натревар на НАСА

22.04.2016 12:08

Студенти по програмирање и дизајн, биологија, хемија, физика, географија, во наредните 48 часа ќе креираат иновативни решенија и ќе бараат иновативни идеи за решавање проблеми на Земјата, како и решенија за живот во Вселената.

Сто и дваесет студенти од Македонија од денеска се вклучија во дводневниот глобален светски хакатон натпревар на Американската веселенска организација (НАСА) „NASA Space Apps Challenge“.

Студенти по програмирање и дизајн, биологија, хемија, физика, географија, во наредните 48 часа ќе креираат иновативни решенија и ќе бараат иновативни идеи за решавање проблеми на Земјата, како и решенија за живот во Вселената.

Според министерската за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, учеството на македонскиот тим во организацијата на овие натпревари зборува за капацитетот на младите во Македонија.

„Ова е доказ за одличната подлога која ја направивме како држава за младите луѓе кои се подготвени да создаваат иновативни  решенија во техничките науки и дека светот го препознава нашиот талент. Со тоа Македонија е признаена дестинација  во однос на потенцијалот за програмирањето, информатиката, новите технологии“, изјави министерката Арсовска- Томовска.

„Овој натпревар се разликува од останатите затоа што е глобален, а младите од Македонија имаат можност  да учествуваат во конкурентна средина со млади информатичари и студенти од технички науки од целиот свет“, изјави Иван Џорбев, декан на ФИНКИ.

Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што ќе им помогне да ги реализираат своите проекти.

Натпреварот во Македонија го организира  македонско-американската компанија „Њу менс бизнис акцелератор“ , организатор на натпреварот и во Силиконската долина и коорганизатор на ваквите настани во Сан Франциско и Лос Анџелес.