Индија- транзит зона за џихадистите
22.04.2016 12:39
Над 150 млади луѓе се вклучиле во силите на Исламска држава во Ирак и Сирија.

Според полицијата во Мумбај, Индија се почесто се користи како транзитна зона за џихадисти во Сирија. Малдивите се една од земјите кои се претвориле во расадник на тероризмот и ја загрозуваат безбедноста на Индија.
Над 150 млади луѓе се вклучиле во силите на Исламска држава во Ирак и Сирија.
Индиската полиција има сознанија дека меѓународните аеродроми во Мумбај и во западниот град Бангалор, се користат за транспорт на џихадистите до Ирак и до Сирија.
