Директорот на ЦИА во ненадејна посета на БиХ
22.04.2016 13:21
Бренан пристигнал синоќа со воен авион и планира да се сретне со босанските министри за внатрешни работи и за безбедност...

Директорот на ЦИА, Џон Бренан пристигна во ненадејна посета на Босна и Херцеговина, објавија сараевските медиуми.
Бренан пристигнал синоќа со воен авион и планира да се сретне со босанските министри за внатрешни работи и за безбедност, како и со првите луѓе на полициските агенции во БиХ и со ударната група за борба против тероризмот.
