„ГУГЛ“ и „Самсунг“ нема да се тужат

27.01.2014 10:18

Корпорациите „ГУГЛ“ и „Самсунг“ се договорија да го намалат нивото на меѓусебни тужби...

Корпорациите „ГУГЛ“ и „Самсунг“ се договорија да го намалат нивото на меѓусебни тужби со што би се зголемила финансиската подршка за нивните нови изуми. Договорот, потпишан за период од 10 години, опфаќа широк опсег на технологии и бизнис области. 
 
Двете компании веќе работат заедно, а „Самсунг“ го користи оперативниот андроид систем на „ГУГЛ“. Аналитичарите на пазарот со мобилни технологии оценија дека спогодбата е насочена против „Епл“, кој покрена билионски тужби против компаниите за копирање на патенти. 
 
„Самсунг“, најголемиот производител на паметни телефони во светот се соочува со повеќе тужби од „Епл“ во САД и Јужна Кореја бидејќи, според „Епл“, телефоните „Галакси“ биле копија на „Ајфон“.