Протест на студентите по медицина пред Министерството за здравство
22.04.2016 14:31
Побараа средба со министерот за да им објасни зошто е потребно да полагаат државен испит на крајот од втората и четвртата година од студиите и кои предмети ќе бидат опфатени.

Студентите по медицина протестираа пред Министерството за здравство. Побараа средба со министерот за да им објасни зошто е потребно да полагаат државен испит на крајот од втората и четвртата година од студиите и кои предмети ќе бидат опфатени.
Студентите велат дека ваквите измени се вментати во Законот за медицински студии, без консултација со експертската јавност.
