Русија ја деминираше Палмира
Од околу 2,3 квадратни метри површина во Палмира, се отстранети речиси 3.000 експлозивни направи.

Руската армија го деминираше древниот град Палмира откако силите на сирискиот режим изминатиот месец го зазедоа градот што беше под контрола на Исламска држава.
„Најдовме нови експлозивни направи и нов тип на појаси за поставување на екплозив за бомбаши-самоубијци“, вели еден руски инженер.
Од околу 2,3 квадратни метри површина во Палмира, се отстранети речиси 3.000 експлозивни направи.
„Кучињата работат 20 минути зашто е многу топло. Потоа ги оставаме да одморат и да пијат вода“, додава друг.
Руските инженери работат и со помош на роботот Уран-6 и со специјално обучени кучиња расчистија 234 хектари земја, 23 километри патишта и десет архитектонски објекти.
