„Балкан тригер“: Во регионална акција на Интерпол уапсени 14 лица

22.04.2016 14:50

14 лица уапсени, запленето поголемо количество експлозив, оружје и муниција. Ова е резултатот од регионална полициска акција „Балкан тригер“, раководена од Интерпол. Учествувале 5 илјади полицајци од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Четиринаесет лица уапсени, запленето поголемо количество експлозив, оружје и муниција. Во регионалната полициска акција „Балкан тригер“, раководена од Интерпол, учествувале 5 илјади полицајци од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора. На граничните премини во регионот на Западен Балкан биле спречени околу 43 илјади лица, и се направени два милиони проверки во дата базите на Интерпол. Запленети се и 52 килограми марихуана, 14 ипол килограми злато и 250 илјади евра.

„Неодамнешните терористички напади како во Европа, така и во светот, каде примарно повеќе се користи огненото оружје од експлозивот, покажа дека е потребно да се направи поефективна контрола. Целта на операцијата „Балкан тригер“ е да се создаде цврста основа која ќе биде појдовна точка за натамошните активности на земјите во борбата со недозволената трговија со огнено оружје“, рече Тим Морис, извршен директор на Интерпол. 

Добиените податоци од операцијата дополнително ќе се анализираат, за да се доби појасна слика за можна потенцијална поврзаност со други кривични дела и терористички активности во регионот и пошироко.

 

Наташа Гркова- Петрушевска