Голем бран урна велосипедска патека во Рио

22.04.2016 14:55

Во моментот кога пропаднала патеката на неа биле неколку велосипедисти, а морето било разбранувано што, според очевидците, е причинител за несреќата.

Две лица загинаа при уривање на крајбрежна велосипедска патека во Рио де Жанеиро. Во моментот кога пропаднала патеката на неа биле неколку велосипедисти, а морето било разбранувано што, според очевидците, е причинител за несреќата.

„Голем бран удри оздола и ја предизвика катастрофата. Засега знаеме дека две лица загинаа, но можно е да има и други жртви во морето“, велат надлежните.

Велосипедската патека беше изградена за да го олесни движењето за време на летните Олимписки игри оваа година.