Брисел: Ситуацијата е сериозна, одговорноста е кај домашните политичари

22.04.2016 15:00

Европската Унија сѐ уште не ги соопштува идните чекори. Брисел смета дека ситуацијата е сериозна, но порачува дека одговорноста е кај домашните политичари...

Откако пропаднаа преговорите во Виена, Европската Унија сѐ уште не ги соопштува идните чекори. Брисел смета дека ситуацијата е сериозна, но порачува дека одговорноста е кај домашните политичари.

„Знаете дека за денеска беше планирана средба на комесарот Хан и тројцата членови на Европскиот Парламент со политичките лидери на ПЈР Македонија во Виена. За жал, овој состанок чијашто цел беше да и помогне на земјата да го пронајде патот кон имплементацијата на обврските од договорот од Пржино, не се одржа. Ние како Европската Унија остануваме отворени да и помогнеме на земјата, но одговорноста за земјата и за разрешувањето на политичката криза е во рацете на политичките лидери.  Во заедничката изјавата соопштивме дека во отсуство на натамошен напредок сме принудени да преземеме акција за да ги задоволиме барањата на Европскиот Совет, Европската Комисија и на Европскиот Парламент. Нема да шпекулирам што значи ова, но јасно е дека сериозна е ситуацијата“, изјави портпаролката Маја Коцијанчич.