ЗНМ: Загриженост од одлуката за екстрадиција на Божиновски
Со екстрадицијата, Србија свесно го изложува на непотребен ризик новинарот Божиновски, иако претходно беа информирани за заканите што врз него ги упатуваа највисоките претставници на власта, велат од ЗНМ...

Здружението на новинарите на Македонија изразува разочараност од одлуката на српските власти да го екстрадираат во земјава новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Со екстрадицијата, Србија свесно го изложува на непотребен ризик новинарот Божиновски, иако претходно беа информирани за заканите што врз него ги упатуваа највисоките претставници на власта.
Српската влада ќе сноси одговорност, доколку Божиновски во затворот биде изложен на нечовечки третман, се вели во реакцијата на Здружението на новинари на Ммакедонија.
