Светот се збогува со Принц
Престапна година за музичката индустрија. Светот се збогува со уште еден голем музичар. Обожавателите му оддаваат почит на легендарениот Принц којшто почина вчера...

Годинава светот се збогува со уште една музичка ѕвезда. Светски познатиот музичар Принц почина на 57 години од засега непознати причини. Неговото тело било пронајдено во домот во Минесота. Обожавателите, меѓу кои е и режисерот Спајк Ли, организираа забава во Бруклин во негова чест.
И Бродвеј заврши дел од својот репертоар со песните на Принц.
Пред една недела, приватниот авион со кој патувал Принц итно слетал во Илиноис. Тој бил префрлен во болница, но по краток престој бил пуштен дома.
„Кога дознав дека бил во болница, се загрижив и се сеќавам дека напишав на Твитер дека не сакам и Принц да си замине прерано како што си замина Мајкл Џексон. Ова е многу тажно“, вели еден негов обожавател.
Принц е официјално примен во Куќата на славните на рокенролот во 2004-та година. Во 35-годишната кариера, објави 39 соло албуми. Добитник е и на Оскар за музичкото дело „Purple Rain“ од истоимениот филм, како и на 7 Греми статуетки.
