ЕУ без конкретни предлози за следните чекори
Европската Унија не ги соопштува идните чекори откако пропаднаа преговорите во Виена. Брисел смета дека ситуацијата е сериозна, но порачува дека одговорноста е кај домашните политичари...

Европската Комисија без конкретни предлози за следните чекори кои ќе ѝ помогнат на нашата држава во надминување на политичката криза. Портпаролката Коцијанчич на денешната прес конфернција не сакаше да шпекулира за евентуалните последици кои би ги сносела земјата поради, како што одтаму велат, неимплементирањето во целост на Пржинскиот договор.
„Во отсуство на понатамошен напредок сега сме принудени да ги разгледаме понатамошните активности за да се исполнат барањата јасно поставени од Европскиот Совет, Европскиот Парламент и Европската Комисија. На што се однесува ова, јас во овој момент не би сакала да шпекулирам, но очигледно е дека ситуацијата е многу сериозна“, рече Коцијанчич.
Вакавата реакција на ЕУ следува по одлозување на состанокот во Виена кој требаше да се одржи денес, инициран од европските праламентарци Вајгел, Кукан и Ховит и комесарот Хан кој посредуваа во дијалогот меѓу партите за надинување на кризата.
Средбата беше откажана вчера, поради одбивањето на претседателот на Социјал-демократскиот сојуз, Зоран Заев, да присуствува на средбата, односно неговото присуство го услови со барање за повелкување на аболицијата доделена од претседателот на државата Иванов, и ново одложување на изборите закажани за 5-ти јуни.
Постојаните проблеми во владеење на правото кое го поткопува договорт од Пржино мора, да се решат без понатамошно одложување, ова се однесува на аболицијата доделена од страна на претседателот, како и итни чекори за подготовка на веродостојни избори кои би биле поддржани од меѓународната заедница, се вели во заедничкото соопштение на медијаторите- комесарот Хан и тројцата европратеници.
ЕУ и понатаму им останува на располагање за помош на политичките лидери во изнаогање начин за решавање на кризата, но потенцира дека одговороноста за напредокот е пред сѐ на политичките лидери на државата.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
