Одбележани 37 години од основањето на универзитетот „Св. Климент Охридски“
Битолскиот универзитет низ изминатите 37 години ја покажа моќта на современото образование и продуцира кадри кои придонесуваат во зголемување на потенцијалите на општеството. Познатиот балкански адвокат Тома Фила е промовиран за почесен доктор на правните науки...

Почетоците скромни, достигнувањата солидни. Пред 37 години по иницијатива на интелектуалните сили од неколку општини осниван како втор македонски универзитет само со неколку факултети, И денес кога го одбележува јубилејот 1.100 години од упокојувањето на патронот и светиот учител Свети Климент Охридски, го чува приматаот на најголема високообразовна институција во југозападниот регион. Центар на квалитетно образование засновано на современи наставно начни медодологии.
„И во оваа свечена прилика сакам да ја истакнам моќта на современото образование. Тука треба да стекнат знаење многу студенти кои понатаму треба да придонесат во истражувачките дејности, а со тоа и во потенцијалите на опшеството“, вели ректорот на универзитетот проф. д-р Сашо Коруновски.
Во иднина студендите по правни науки ќе имаат можност дел од знаењето да споделат со најновиот почесен доктор на универзитетот, светски познатиот адвокат Тома Фила. Ова е врв на мојата кариера и почестен сум што тоа се случува во мојот роден крај, вели еминентниот адвокат.
„Има една латинска поговорка која вели- никој не е пророк во сопствената земја. Еве еден исклучок се случува токму во мојот роден крај“, вели адвокатот, а сега и почесен доктор на науки Тома Фила.
Човекот кој работеше и на признавањето на автокефалноста на македонската црква убеден е дека со надминувањето на политичките состојби во двете земји и со посредство на рускиот патријарх Кирил, проблемот ќе биде решен.
„Можам да ви речам дека случајот е стигнат дотаму дека воопшто не е спорно да се добие автокефалност, прашање е само модусот и зголемуваањето на довербата“ вели Тома Фила.
Во рамките на одбележувањето на јубилејот, Фила ќе ја промовира и книгата Завршен збор, посветена на Битола и неговото семејство.
Стевче Митревски
