Скопска премиера на филмот „Лазар“

25.04.2016 10:05

Во филмот, кој раскажува за илегален транспорт на мигранти и бегалци, играат македонските актери Наташа Петровиќ и Дејан Лилиќ, и од Бугарија - Красимира Кузанова и Александар Сано.

Во рамки на 19-от Скопје филм фестивал вечер во кино „Милениум“ ќе биде прикажан играниот филм „Лазар“, по сценарио и во режија на Светозар Ристовски - премиерно во Скопје по неговата светска премиера во септември на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Во филмот, кој раскажува за илегален транспорт на мигранти и бегалци, играат македонските актери Наташа Петровиќ и Дејан Лилиќ, и од Бугарија - Красимира Кузанова и Александар Сано.

Откако таткото на Лазар го напушта семејството, тој мора брзо да порасне и почнува да се занимава со шверцување мигранти преку грчко-македонската граница. Но се ќе се промени кога ќе се вљуби во Катерина и ќе реши да го напушти светот на криминалот.

Режисерот Ристовски го сними филмот по 11 години пауза од неговиот претходен филм  „Илузија“.

„Лазар“ досега учествуваваше и на фестивалите „CinEast Film Festival“ и „Santa Barbara International Film Festival“