Обама ја завршува посетата на Германија
25.04.2016 10:37
Пред Германија, Обама престојуваше во Саудиска Арабија и во Британија каде што ги повика гласачите да останат во ЕУ.

Над 30.000 демонстранти излегоа на улиците на Хановер во северна Германија, пред посетата на американскиот претседател Барак Обама. Загрижени се за Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции меѓу САД и ЕУ.
Според критичарите, стандардите на ЕУ во областа на безбедноста на храната и животната средина ќе бидат намалени за да се приближат до оние во САД, а ќе се намали и заштитата за вработените.
Пред Германија, Обама престојуваше во Саудиска Арабија и во Британија каде што ги повика гласачите да останат во ЕУ.
Оваа турнеја се случува пред самитот на НАТО во јули во Варшава.
