Уапсен е тинејџер во Сиднеј поради план за терористички напад
25.04.2016 10:58
Тинејџерот би можел да биде осуден и на доживотна робија.

Австралиската полиција уапси 16-годишно момче во Сиднеј поради план за напади на „Денот на Анзак“, односно денот на загинатите австралиски војници во Првата светска војна.
Тинејџерот би можел да биде осуден и на доживотна робија. Инаку, Австралија и Нов Зеланд се единствените земји, кои како национален празник одбележуваат воен неуспех што им се случил во Дарданелскиот поход против Турската империја.
