Заплена на фалс-патики вредни 120 илјади евра

27.01.2014 10:55

Царинските службеници на Богородица привремено задржаа илјада и девесте пара патики...

Царинските службеници на Богородица привремено задржаа  илјада и девесте пара патики поради сомнеж за фалсификат. На 24-ти јануари, на Царинската испостава Богородица со транзитна декларација пријавени се обувки со потекло од Кина, натоварени во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин.

Стоката која требало била наменета за фирма увозник од Косово. Доколку производите би се продавале како оригинали би достигнале вредност од 120 илјади евра.

Стоката повредува права од интелетуална сопственост по што царинскиот орган привремено ја задржа за да поведе постапка за утврдување на оригиналноста. Новоназначената директорка на македонската Царина, Наташа Радеска Крстевска во директна средба со царинските службеници на Богородица се запозна со деталите за првата поголема заплена од нејзиното доаѓање.