Бегалците од Идомени бараат нови рути

25.04.2016 12:43

Некои од бегалците успеале илегално да ја минат границата, не не стигнале многу далеку од кампот.

Мигрантите сместени во кампот во Идомени бараат нови патишта за да го продолжат патот кон централна или северна Европа поради затворењето на границата меѓу Грција и Македонија, соопшти „Њуз.ин“.

Некои од бегалците успеале илегално да ја минат границата, не не стигнале многу далеку од кампот.

Според очевидци, група од 70 бегалци во саботата ја преминале границата од Грција кон македонија, преку местата кои не биле заградени, оддалечени 20- тина километри од кампот Идомени.

Наводно, и други бегалци од Идомени размислуваат како да ја минат границата, за да го продолжат патот кон западна Европа.