Во февруари 70,8% од потрошената струја од домашни извори

25.04.2016 12:52

Во февруари 70,8 проценти од потрошената струја е од домашно производство, а 98,8 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија...

Македонија  во февруари годинава потрошила 645.803 мегават часови електрична енергија, 13.346 милиони нормални  метри кубни природен гас, 586.357 тони јаглен и 62.471 тон нафтени продукти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во февруари 70,8 проценти од потрошената струја е од домашно производство, а 98,8 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.