Средба на Попоски со државниот врв на Иран
Во фокусот, билатералните односи меѓу двете земји.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, во Иран имаше средба со претседателот Хасан Рохани. Во фокусот, билатералните односи меѓу двете земји.
„За време на дискусиите заклучивме дека постои голем неоткриен потенцијал за нашите билатерални односи. Опфатени се многу области, а меѓу нив, најочигледни се културолошките односи, туристичкиот потенцијал и економската размена. Голем потенцијал постои и во можноста луѓето од двете земји да се посетуваат едни со други. И веруваме дека во овој контекст ќе успееме да создадеме директни врски и повеќе можности за Иранците да доаѓаат во Македонија и во другите балкански земји, а и за нашите државјани да можат да ја видат богатата понуда на Иран. Веруваме дека со реактивирањето на нашето дипломатско претставништо и со амбасадата во Техеран ќе ги олесниме и соработката и пристапот за граѓаните“, изјави шефот на дипломатијата, Попоски.
Се очекува, соработката да се олесни со реактивирање на дипломатското преставништво во Техеран.
