Да се почитува Законот за електронски отпад
Најголема одговорност во однос на електричниот и електронскиот отпад имаат производителите, но не помала е обврската и на трговвците, како и на потрошувачите.

Квалитетно управување со отпадната електрична и електронска опрема, преку спроведување на Законот за отпад и подигање на свеста кај граѓаните, бара Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија. Им порачува на компаниите да го почитуваат и плаќањето на надоместокот.
Најголема одговорност во однос на електричниот и електронскиот отпад имаат производителите, но не помала е обврската и на трговвците, како и на потрошувачите. Засега, договори за предавање на отпадот со колективните собирачи имаат склучено преку половина од регистрираните производители во земјава, од кои повеќето големи фирми. Кај помалите се уште има отпор, најмногу поради цената што треба да се плати, истакна Фана Христовска од Асоцијацијата.
За подобро функционирање на оваа, релативно нова сфера кај нас, Асоцијацијата, како што беше речено денеска на прес-конференција во Комората, бара стимулации за рециклирање на електронскиот и електричниот отпад, засилени инспекциски контроли за спречување на нелојалната конкуренција, како и законски измени за допрецизирање на одредбите, односно за поуспешно спроведување на регулативата во пракса.
