Заменикот помошник државен секретар на САД денеска во Македонија
27.01.2014 11:02
Заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања...

Заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји, ќе ја посети Македонија на 27-28 јануари 2014. Ова е негова прва посета на државата откако го наследи Филип Рикер на функцијата во ноември 2013 година. З
аменикот помошник државен секретар Ји, придружуван од амбасадорот Пол Волерс, ќе оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и со лидерите на владеачките и опозициски партии и со претставници на медиумите и на цивилното општество.
Тема на разговор на овие средби ќе бидат политичките случувања на домашен и на меѓународен план, вклучувајќи ги и односите САД-Македонија, регионалната стабилност и евро-атлантската интеграција на Македонија.
