Од денес избирачкиот список на јавен увид
Од денеска до 9-ти мај, граѓаните можат да проверат дали нивното име се наоѓа на избирачкиот список. Државната изборна комисија го стави на увид во електронска форма...

Во следните 15 дена граѓаните ќе можат да проверат дали ги има во избирачкиот список со точните податоци, доколку забележат какви било неправилности ќе може да ги пријават во подрачните канцеларии.
Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8 и 30 до 19 часот во 34- те подрачни канцеларии на комисијата. Со внесување на матичниот број, граѓаните ќе може да проверат и на интернет страната на Државната изборна комисија дали се запишани во списокот. Увидот ќе трае до 9-ти мај, а до 19-ти, ДИК треба да ги внесе сите промени. Најкасно до 14-ти мај, Комисијата ќе треба да го достави избирачкиот список до политичките партии.
„Имаат рок од пет дена да поднесат барање, односно забелешка до ДИК, за одредени неправилности во избориачкиот список, а за кои ДИК има три дена да донесе решениа “, вели Адмир Шабани, ДИК.
Исто така ДИК преку МНР треба да ги достави посебните изводи од избирачкиот список до дипломатско- конзуларните претставништва на увид за лицата на привремена работа или престој во странство.
Денеска комисијата ќе оддржи јавна седица на која се очекува да биде разгледан завршниот извештај од теренските и од административните проверки и да се дискутираат конечните бројки на неконзистентни гласачи.
Викторија Милевска
