Електронскиот отпад да се предава на колективните собирачи

25.04.2016 15:15

Старите телевизори и другиот електронски отпад, бесплатно да се доставуваат во собирните центри или да се враќаат во продавниците, каде се купува нов производ, порачуваат надлежните. Асоцијацијата на секундарни суровини бара стимулации за негово рециклирање, за да се зголеми свеста кај граѓаните за депонирање...

Граѓаните да не го продаваат електронскиот отпад на старо, туку бесплатно да го достават во собирните центри или да го враќаат во продавниците при купувањето нов производ. Примена на законот за електронски и електричен отпад, засилени инспекции и стимулации за рециклирање, бараат од Асоицијацијата на секундарни суровини.

Најголема одговорност имаат производителите, но обврската за квалитетно управување со отпадна електрична и електронска опрема е и на трговците, и на потрошувачите. Договори за предавање на отпадот со колективните собирачи имаат склучено половина од регистрираните производители во земјава, повеќето големи фирми.

Четири субјекти имаат дозвола за оваа дејност почнаа со работа лани. Согласно европските стандарди, во 2016-­ та, електричниот и електронскиот отпад треба да биде 0,5 килограми по жител, додека до 2020 година да достигне четири килограми по жител.

 

Дијана Ценевска