Советот на Европа во предизборна мисија
Делегација на парламентарното собрание на Советот на Европа, во предизборна посета на Македонија. Ќе прави проценка на предизборната кампања и на политичката клима за предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни...

Предизборната делегација на ПССЕ, која ќе треба да ја посети Македонија има за цел да се запознае со условите за подготовките на изборите закажани за 5-ти јуни и воопшто со политичката криза која ја тресе нашата земја. Еве што ни кажа Валериу Гилечи пратеник од Молдавија од редовите на Народните партии, кој е еден од известувачите во мониторинг комисијата на ПССЕ за идната посета.
„Од името на Советот на Европа во Македонија ќе дојде мисија, посветена на подготовките на изборите, односно предизборна мисија. Ова со цел да даде оценка, колку властите и институциите одговорни за организирање на изборите се подготвени за на 5-ти јуни да ги спроведат закажаните парламентарни избори“, изјави Гилечи.
Делегација ја предводи Стефан Шенах австриски пратеник од редовите на социјалистите и во неа покрај него и Гилачи се наоѓаат уште пет други пратеници од сите политички групи на ПССЕ. Тие ќе имаат средби со претседатеот на Собранието и министерот за внатрешни работи на Република Македонија.
Инаку ова е втора посета на делегацијата, по претходната на крајот од февруари.
„За време на нашата последна посета ние се погриживме да се сретнеме со сите политички актери за да изнајдат заедничко разбирање и согласност за да се одржат изборите . Како што знаете, откако ние се вративме од посетата, беше одлучено да се изборите бда се откажат. Ние во таа прилика изразивме надеж дека за време на овај период сите овие проблеми ќе најдат решение.“
Валериу Гилечи, како известувач на онуторинг комисијата за Македонија, будно следи што се случува во нашата земја.
„Исто така знам дека по распуштањето на Парламентот се појави затегната ситуација. Знаете, ние сме загрижени поради тоа што се случува во Македонија и се надеваме дека политичките актери ќе го најдат неопходното решение за излез од кризата.“
Притоа претставникот на ПССЕ, како и во сите досегашни реакции на паневропската асамблеа нагласува:
„Сметаме дека изборите треба да се одржат, нема друг пат за да и се стави крај на кризата, освен со избори.“
Како што се вели од Стразбур, делегацијата на ПССЕ има предвидено и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, Јавниот обвинител, како и со членовите на дипломасткиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.
Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ
