Пропадна обидот за избор на претседател на Судскиот совет
25.04.2016 15:53
Лидија Каначковиќ, поранешен судија во вишиот Управен суд и Зоран Караџовски, поранешен судија во битолска Апелација, беа кандидатите за претседател на Советот.

Обидот за избор на претседател на Судскиот совет пропадна. Советот гласаше изедначено за двајцата кандидати. Секој од нив од вкупно 13 гласови доби по шест гласа, а еден глас беше неважечки.
Лидија Каначковиќ, поранешен судија во вишиот Управен суд и Зоран Караџовски, поранешен судија во битолска Апелација, беа кандидатите за претседател на Советот.
Според деловникот за работа, во вакви случаи предвидено е повторување на постапката за избор. Седницата е презакажана за утре, иако претходно членовите на Советот се согласија повторно да бираат.
Фиљана Кока
