Нова опрема во поликлиниката во Чаир
Пет нови апарати за физикална терапија, биохемиски анализатор и ехо на срце и стомак, доби поликлиниката Чаир. Двојно ќе се зголеми листата на лабораториските услуги.

Пет нови апарати за физикална терапија, биохемиски анализатор и ехо на срце - доби поликлиниата Чаир. Надлежните велат дека двојно ќе се зголеми листата на лабораториските услуги. Според нив, од новата лабораториска опрема најголема корист ќе имаа дијабетичарите.
„Сето тоа ни помага да дадеме комплетна здравствена услуга на корисникот, посебно за дијабетичарите бидејќи од февруари почна со работа и Центарот за дијабет, два пати неделно докторот има термин за дијабетичари каде што ги води преку овој центар на дијабет со лабораториска анализа и досега се прегледани околу 280 пациенти“, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ - директор на Здравствен дом- Скопје.
Ехо на срце е дијагностика која за прв пат е воведена во оваа поликлика. Досега се направени околу 300 прегледи.
„Со набавката на новите апарати се овозможува на жителите од овој дел на градот да ги добиваат услугите многу поблиску до местото на живеење и да има што е можно помалку препраќања од чаир во градската општа болница или пак на клиниките. Со воведување на ехокардиографијата токму тоа се прави се растеретуваат клиниките за кардиологија и Градската општа болница 8-ми Септември“, вели министерот за здравство, Никола Тодоров.
Пациентите задоволни што дел од здравствените услугите ќе ги добиваат поблиску до местото на живеење, но велат дека на поликлика и е потребно повеќе опрема.
„Мислам дека има доволно, но не сум сигурна.“
„Јас чекам за физикална терапија, порано беше многу лошо, со стари апарати, сега има нови тоа значи дека е многу подобро.“
„Има доволно, ама се се плаќа.“
„Секогаш е потребно повеќе“, велат пациентите кои ги анкетиравме.
Во оваа поликлика се лекуваат околу 120 илјади жители.
Андријана Атанасовска
