Делегација на ПССЕ во предизборна посета на Македонија
Целта на посетата е да се направи проценка на предизборната кампања и политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5-ти јуни.

Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Стефан Шенах, социјалист од Австрија, на денеска и утре ќе престојува во Македонија во предизборна мисија.
Целта на посетата е да се направи проценка на предизборната кампања и политичката клима за предвремените парламентарни избори закажани за 5-ти јуни.
Според соопштението од Стразбур, делегацијата во која покрај Шенах се наоѓаат уште шест други членови, ќе имаат средби со претседателот на Собранието на РМ и со министерот за внатрешни работи.
Делегацијата има предвидено и средби со претставниците на политичките партии кои учествуваат во изборите, претседателот и членовите на ДИК, јавниот обвинител, како и со членовите на дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.
